Проект

 

Дејности на проектот

Главните активности кои овој проект ги вклучува се: ISO Консултации за 12 туристички актери (6 во Бугарија и 6 во БЈРМ) со што се обезбедува одржливост од претходниот проект Freshair 2 и претставува потврда на добра практика за зголемување на економскиот капацитет на туристичка дејност во прекуграничниот регион. Втората голема активност е истражување на на Туристичкиот стиул за патување. Туристичкиот стимул за Патување поттик е за патување, кој е дизајниран да се мотивира или да предизвика акција, како награда за вработените или деловните партнери. Ова поттикнува лојалност и охрабрува најдобар талент за организација зголемување на туристичките текови во регионот. Истражување на туристичкиот стимул за патување ќе биде направено во 11 општини од Источниот регион на Република Македонија и во 14 општини од Благоевградската област и е за да се утврди колку компаниите се подготвени да го користат како награда за своите вработени и колку туристички атракции се подготвени да се понудат како вакви туристички пакети, ваучери и др за работодавците.
Како резултат на тоа ке биде испечатена тројазична книга и дистрибуирана во сите општини на избраната област за промовирање на на методот за туристичкиот стимул за патување како алатка за поттикнување на економската привлечност на прекуграничниот регион. Билтенот ќе се печати во 4 изданија во Бугарија и во Република Македонија, секој триместар, за промовирање на регионот – туристички атракции, хотели ваучери и поттик за патување пакети со нагласување на семејни туристички бизнис како одржливост на проектот FRESHAIR 2 и ќе бидат дистрибуирани во сите општини од проектната област.
Веб страна на проектот ќе биде прикачена на веќе постоечкиот веб-сајт на проектот FRESH.AIR и ќе се ажурира правилно во текот на имплементацијата на проектот.

Резултати од проектот

Зголемување на конкурентноста на туристичка субјекти откако ке бидат консултирани за интеграција на ISO стандарди (12 организации); Зголемено прекугранично движење на луѓе и размена на добра и услуги во областа по истражувањето и објавување на резултатите од туристичкиот стимул за патување; објавување и дистрибуција на туристички билтен (4 изданија) кој во прилог ке има пакети за туристичкиот стимул за патувања и ваучери за промоција на прекуграничната движење

Целни групи

Организации, кои дејствуваат во областа на туризмот; работодавачите, вработените, локални власти, невладини организации, локални заинтересирани страни.