Активности

Исо консултации

Бесплатни  ISO Консултации за 12 туристички компании (6 во Бугарија и 6 во БЈРМ) со што ќе се обезбеди одржливост од претходниот проект Freshair 2 и претставува потврда на добра практика за зголемување на економскиот капацитет на туристичка дејност во прекуграничниот регион.
Завршени консултантски услуги за 12 компании од туристичкиот сектор за имплементација на ИСО стандардите и доставена комплетна пакет документација.

Туристички стимул за патување

Туристичкиот стимул за патување е поттик за патување, кој е дизајниран да се мотивира или да предизвика акција, како награда за вработените или деловните партнери. Ова поттикнува лојалност и охрабрува најдобар талент за организација зголемување на туристичките текови во регионот. Истражување на туристичкиот стимул за патување ќе биде направено во 11 општини од Источниот регион на Република Македонија и во 14 општини од Благоевградската област и е за да се утврди колку компаниите се подготвени да го користат како награда за своите вработени и колку туристички атракции се подготвени да се понудат како вакви туристички пакети, ваучери и др за работодавците.
Изработена студија со анализа на теренски истражувања за расположението на компаниите да го користат овој метод и различни шаблони на програми за стимулација кои можат да ги користат компаниите што нудат или бараат стимул за стимулативни патувања.

Туристички стимул за патување – Истражување


Публикација на Билтен и тријазична книга

Четири изданија на билтенот беа објавени и дистрибуирани во 11 општини во источниот регион во Македонија во 660 примероци и во 14 општини во Благоевградската област во 980 примероци за секој триместар.

Билтен 1

Билтен 2

Билтен 3

Билтен 4

Тријазична книга

Триjазичната книга  со резултатите од истражувањето на Incentive Travel беше испечатена во 200 примероци и дисеминирана на 2- таINFO дена и на 2 -те финални проектни конференции и во регионот на двата партнера

Организација на Инфо денови и завршна пресс конференција

Invitation for info day

2.5. Presentation info day

Покана за инфо ден МК 2

 

Успешна организација на два информативни дена, еден во Благоевград на 28 јуни 2017 година, Бугарија во Бизнис центар и еден во Штип во хотел Изгрев на 14 јули 2017. Во текот на овие информативни денови учесниците (30 лица за секој ден) беа информирани за проектот за Активностите и резултатите кои се постигнати.

ЗАВРШНА ПРЕС КОФЕРЕНЦИЈА

На ден 10 Октомври  2017 година во Хотел Изгрев Штип се одржа ЗАВРШНА ПРЕСС КОНФЕРЕНЦИЈА на проектот.

На завршната пресс конференција се презентираа постигнатите резултати во рамките на проектот

Промо

Партнерски средбиНа 25 јануари 2017 година се одржа партнерски состанок во канцеларијата на “ЗТС Струмица” помеѓу Трговско индустриска комора – Благоевград, Република Бугарија и Организацијата на жени Штип (WOS), ПЈР Македонија.

Состанок со партнерите

 

Промотивни материјали за ИНФО ДЕН

Подготовка и дисеминација на 60 пакет материјали (тефтери, пенкала, презентации итн.) За Инфо-ден за двата партнера.

Објави во весник